Фантастичниот Швеѓанец Арманд Дуплантис е освојувач на златниот медал во дисциплината скок со стап на Олимписките игри во Токио.
Дуплантис влезе како главен фаворит во оваа дисциплина и ја оправда својата улога откако до шампионсклата височина стигна без ниту едно уривале на летвичката.
Откако го потврди златото имаше уште три неуспешни обиди на 6.19 метри во обид да постави нов светски рекорд. Височината со која дојде до златото беше 6.02 метри, за пет сантиметри подобро од сребрениот Нилсен од САД.
Олимпискиот шампион од Рио, Бразилецот Браз остана на третото место.