Кошаркарот на САД, Кевин Дурант, се насочи кон полуфиналниот меч со Србија на Олимпијадата во Париз. Средбата ќе биде одиграна утре во вечерниот термин.
„Тие добро не познаваат. Значи, прашање е кој повеќе ќе сака да победи. Ние ќе се подготвиме добро“ – изјави репрезентативецот на главниот претендент за златото на Игрите во Франција.
Двете селекции се сретнаа во групната фаза на Олимписките Игри. Тогаш победи така наречениот „дрим-тим“ со 110:84.

