Двата болиди на Ферари ќе стартуваат од првиот ред на трката за Големата награда на Кина, која ќе се вози утре изутрина на патеката во Шангај. По денешните официјални квалификации, прво време оствари Себастијан Фетел, додека веднаш до него во стартниот ред ќе биде и неговиот клупски колега, Кими Раиконен.
На вториот ред се двата болида на Мерцедес. Трет ќе стартува Валтери Ботас, а четврти ќе тргне четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон. Фетел ќе се обиде со оваа пол-позиција да обезбеди и трета последователна победа на стартот од сезоната.
Германскиот возач, кој е четирикратен светски првак, ја оствари својата 52 пол-позиција во кариерата.
Големата награда на Кина во Формула 1 (Квалификации):
1.Себастиан Фетел (Германија) Ферари – 1:31.095 минута
- Кими Раиконен (Финска) Ферари – 1:31.182
- Валтери Ботас (Финска) Мерцедес – 1:31.625
4.Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес – 1:31.675
5 . Макс Верстапен (Холандија) Ред Бул – 1:31.796
- Даниел Рикиардо (Австралија) Ред Бул – 1:31.948