До крајот на оваа календарска година, најголемите боксерски ѕвезди во тешка категорија Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, ќе се најдат еден против друг во рингот. Ова го вети промоторот на Британецот, Еди Херн.
Џошуа синоќа победи на поени против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер и веќе ги поседува светските титули во WBA, WBO, IBO и IBF. Единствено му недостасува шампионскиот појас од WBC, со што би станал првиот апсолутен шампион по Ленокс Луис, кој ја освои таа титула во 2002 година
Титулата во WBC ја има Вајлдер, кој од 40 натпревари, има 40 победи, а дури 39 се со нокаут.
„Ваков меч ќе биде реалност до крајот на 2018 година. Во спротивно ќе имаме проблеми“, изјавил Херн.