Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, за швајцарскиот весник – „Блик“ прогнозира дека Ферари нема да може да се бори за титулата и покрај одличниот почеток на сезоната на Шарл Леклер.
„Како многу луѓе, се надевав дека Ферари ќе ја освои светската титула по пауза од 14 години. За жал, сега е јасно дека Ферари нема да добие ништо“, изјави Берни.
Скудерија последен пат ја освои титулата о 2007 година со Кими Раиконен и во 2008 година кај конструкторите.