Кармело Ентони дал усна согласност за потпишување на договор со Хјустон Рокетс, објавија неколку релевантни извори од САД. Деталите за можниот договор остануваат непознати, но факт е дека кошаркарот на Оклахома пред стартот на новата НБА сезона може да ја промени средината.
Минатата сезона во Сити Тандер, Ентони имаше лоша сезона со прилично лоши статистички показатели. Тој летово беше дел од договор со Атланта, но сега најверојатно ќе го избере Хјустон како нова средина за новата сезона.