Во почетокот на годинава организаторите на Формула 1 објавија дека во наредната сезона ќе има вкупно шест спринтерски трки.
Денеска пак, беа потенцирани и патеките на кои тие најверојатно ќе се реализираат. Големата награда на Бахреин е една од предложените а другите кои беа понудени се: ГН Емилија-Ромања на Имола, ГН на Канада, ГН на Австрија, Гран При на Холандија и ГН на Сао Паоло.
Конечната одлука ќе биде донесена на некопј од наредните состаноци со челниците на тимовите кои ќе бидат активни во сезоната во 2022 година.

