Формула 1 донесе одлука за задолжително вакцинирање на сите што се дел од така наречениот „циркус на тркала“ без разлика дали се ангажирани во самите екипи или се дел од придружниот персонал.
Одлуката се однесува и на новинарите кои ги следат настаните во шампионатот. Сите што сакаат да бидат околу патеките ќе мора да имаат примено најмалку две дози од вакцините против Ковид-19.
Новиот шампионат ќе започне на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.