Возачите на Формула 1 вчера се собрале на вечера за да го испратат Себастијан Фетел, за кого неделната трка за Големата награда на Абу Даби е последната трка во неговата кариера. Заедно со Фетел, Формула 1 ја напуштаат и Даниел Рикиардо и Мик Шумахер, но и двајцата изјавија дека се надеваат дека ќе се вратат на светскиот шампионат во блиска иднина.
Фетел ги поканил колегите во ресторанот Хакасан, еден од најдобрите во Абу Даби, а денеска веќе се појавила сметка за повеќе од 150.000 евра, но постојат сериозни сомнежи дека тоа не е вистинската сметка од вечерата на Ф1 пилотите. Темата на вечерта беше „Фала Себ!“, а неколку возачи потоа објавија реакции на социјалните мрежи.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2022/11/F1-vozaci-na-vecera.jpg)
„Сите тие се добри пилоти, но како луѓе се уште подобри. Беше урнебесно!“, напиша Карлос Саинц.
„Најдобриот момент во 2022 година, во чест на Себастијан !“, додаде Ландо Норис.