Фабио Квартараро е победник на трката за Големата награда на Каталонија која се одржа денес.
Франузинот со својата Јамаха беше убедлив, уште од стартот беше практично јасно дека ќе дојде до триумф бидејќи Франческо Бањаја испадна од конкуренција. Такаки Накагами го исфрли Италијанецот уште на стартот откако излета со мотоциклот, па Квартараро немаше вистинска конкуренција до крајот на трката. Второто место во Шпанија му припадна на Хорхе Мартин, додека на подиумот имаше место уште за Жоан Зарко.
Оваа трка ја одбележе Алеш Еспаргаро и неговата глупост во финишот од трката кога на круг пред крајот почна да го слави својот подиум и забави на стартно целната рамнина, а тоа го искористија конкурентите и му го одзедоа второто место. Пласман од четвртото до десеттото место остварија уште Жоан Мир, Марини, Вињалес, Биндер, Оливеира и Алекс Маркез.