Екипите на Ферари и на Ред Бул за трката во Канада во Формула 1, ќе добијат идентични сетови на гуми од Пирели додека возачите на Мерцедес се определија за различна варијанта од тврдата компонента.
Пирели за трката во Монако понуди – суперсофт, ултрасофт и хиперсофт а токму тие типови на гуми ќе бидат ставени на располагање и за трката во Канада. Последните се производ на Пирели создаден токму за тековнава сезона. Мерцедес ќе добие 5 сета хиперсофт, пет комплети ултрасофт и три сета суперсофт.
Ред Бул и Ферари, пак, ќе добијат по осум комплети хиперсофт, три сета ултрасофт и само два сета суперсофт.