Легендарниот пливач, Мајкл Фелпс, кој има 28 медали од големите меѓународни настани од кои 23 се златни, признава дека проживеал и тешки моменти. Американецот е категоричен дека нештата се многу покомплексни и мрачни и дека помислувате дека нема крај на таквиот циклус и на моменти добивате … самоубиствени мисли.
„Имаше еден момент, тогаш …немав желба повеќе да живеам” – открива Фелпс ексклузивно пред „Си Би Ес“. Врвниот пливач вели дека депресијата го зафаќала речиси по секој голем настан без разлика од постигнатите успеси.
„Настапот на Олимпијада ве тера да работите максимално активно во период од 4 години. Кога се ќе се заврши, повторно чувствувате дека сте изгубени“ – потенцирал Фелпс.