Ф1 тимот на Ферари официјално го претстави новиот болид за претстојната сезона 2019 во Формула 1, со надеж дека ќе ја прекине петгодишната доминација на Мерцедес.
Големата цел е враќање на светската титула повторно во Маранело, откако за последен пат тоа успеаа да го направат пред повеќе од десет години, кога Кими Раиконен во 2007 година стана светски шампион.
Од оваа сезона Финецот веќе не е дел од Ферари, а неговото место до лидерот на тимот и четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, го зазеде младиот талент Шарл Леклер.