Возачите на Ферари обезбедија 1-2 победа на трката во Формула 1 возена за Големата награда на Австралија.
Карлос Сајнц помина прв низ целта пред неговиот тимски колега Шарл Леклер и Ландо Норис од Мекларен. Меѓу првите 10 место обезбедија и Оскар Пијастри, Серхио Перез, Ленс Строл, Јуки Цунода, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.
По три сезонски трки во генералниот пласман лидер е Верстапен со 51 бод кој денеска се повлече од патеката. Го следат Леклер со 47 и Перез со 46 бодови. Наредните возбудувања во Формула 1 се закажани за крајот на месецов во Јапонија на патеката –„Сузука“.