Возачот на Ферари и лидер во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел, ја продолжува својата доминација и на денешните квалификациите стигна до третата пол-позиција во низа на патеката во Баку, Азербејџан.
Германецот утре ќе стартува од првата позиција во трката за ГН на Азербејџан откако имаше најбрз круг во квалификациите и зад себе ги остави двата пилоти на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Понатаму следуваат Даниел Рикиардо и Макс Верстапен од Ред Бул, а вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, ќе ја започне утрешната трка од шестото место.
Трката за ГН на Азербејџан е четврта од календарот во Ф1 шампионатот, а по првите три трки на врвот кај возачите води Себастијан Фетел со девет бода предност пред минатогодишниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
