Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Фетел помина прв ни целта, но Хамилтон се радуваше на победата
    Меѓународен микс

    Фетел помина прв ни целта, но Хамилтон се радуваше на победата

    risteBy riste09/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германецот Себастијан Фетел со болидот на Ферари иако помина прв низ целта сепак не е победник на трката за ГН на Канада.

    Фетел е трагичар на трката во Монтреал во рамките на Светскиот шампионат во Формула 1. Во драматична трка со Луис Хамилтон, Германецот го одби нападот на светскиот првак и во трка со многу возбудувања прв мина низ целта. Но, тоа не значеше  дека на крајот се радуваше на победата. Веднаш Себастијан Фетел заработи казна од пет секунди, која ја доби по 49-от круг поради загрозување на безбедноста на ривалот Хамилтон. Британецот тоа го искористи и откако ја мина целта, дозна дека се додаваат пет секунди на финалниот резултат на Фетел и на крајот победник во Монтреал беше Хамилтон. За Луис Хамилтон ова е петта победа ова сезона, трета по ред.

    Вториот возач на Ферари, Леклер возеше феноменално во последните неколку кругови, но не успеа да ги загрози водечките возачи и заврши на третото место на подиумот. Бодови уште освоија и Ботас, Верстапен и Рикиардо.

    Во генералниот пласман за светскиот шампионат Хамилтон сега е уште поубедлив на лидерската позиција, зад него се Ботас и Фетел кој останува третоппласиран. Во конкуренција на конструктори тимот на Мерцедес  има убедлива предност пред Ферари по 7 одржани трки.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.