Мекларен е казнет со вкупно 30.000 евра, од кои една третина е условна за наредните 12 месеци откако Ландо Норис застана на патеката на вториот тренинг пред Големата награда на Монако во Ф1.
Светскиот шампион мораше да паркира во шиканата а маршалите не можеа да го активираат системот бидејќи Мекларен ставил посебна лента на копчето. Затоа тимот заработи казна.
Во претходната рунда во Канада сличен инцидент се случи на слободниот тренинг со Лиам Лосон по што неговиот тим, Рејсинг Бул, заработи казна од 30.000 евра.

