Двократниот светски шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди, направи паралела помеѓу актуелниот шеф на тимот на Ферари, Фред Васер и легендарниот поранешен шеф , Жан Тод.
„Многу добро го познавам Фред од времето кога работевме заедно. Фантастичен е. Има силен карактер и пристап што многу потсетува на Жан Тод. Би било чисто лудило Ферари да го пушти да си замине“ – рече Фитипалди.
Во Маранело, тимот цврсто ја изрази својата поддршка за Васер и покрај постојаните шпекулации за неговата иднина.

