Формула 1 објави официјално соопштение во кое најавува откажување на трката за Големата награда на Русија во 2022 година.
„Светскиот шампионат на ФИА во Формула 1 ги посетува земјите ширум светот со позитивен став да ги зближи луѓето и нациите. Со тага и шок ги следиме случувањата во Украина и се надеваме на брзо и мирно разрешување на моменталната ситуација. Во четвртокот вечерта, Формула 1, ФИА и тимовите разговараа за позицијата на нашиот спорт и дојдоа до заклучок дека, според ставовите на сите инволвирани страни, одржувањето на Големата награда на Русија под сегашните услови е невозможно“, се вели во текстот на соопштението објавено денес.
Трката за ГН на Русија во Формула 1 требаше да се одржи од 23 до 25 септември 2022 година. Претстојната етапа требаше да биде последна во Сочи Автодром пред трката да се пресели на патеката Игора Драјв во Ленинградската област.