Формула 1 го најави почетокот на соработката со фудбалскиот клуб Тотенхем кој настапува во англиската Премиер лига. Двете страни склучија договор за партнерство за период од 15 години.
Во рамките на соработката оваа есен на стадионот на Тотенхем ќе биде отворен првиот картинг центар во светот. Дополнително, ќе се одржат и различни интерактивни мотоспортски настани.
„Додека продолжуваме да го развиваме нашиот спорт ширум светот, партнерството со глобален бренд како Тотенхем Хотспур ќе ни овозможи да ги донесеме Ф1 и мотоспортот пред нова публика. Картинг центарот ќе биде местото каде што ќе сакаат да одат семејствата, пријателите и заинтересирани тркачи од целиот свет. Нашите брендови имаат заедничка визија за градење можности за кариера, поттикнување различност“, изјави на шефот на Формула 1 Стефано Доменикали.