Сахара Форс Индија сега има ново име – Racing Point Force India. Тимот под ова име ќе се натпреварува уште на трката за ГН на Белгија на патеката СПА.
Промената формално значи дека ова е нов тим, а сите 59 поени ќе бидат избришани.Racing Point започнува овој викенд како нов учесник од нула. Сепак, Серхио Перез и Естебан Окон, ги задржуваат своите поени во рангирањето кај пилотите.
Промената на името дојде бидејќи новиот сопственик не успеа да го добие брендот, поради проблемите со законот кои го има со 13 индиски банки кредитори.