Францускиот скијач Клеман Ноел стигна до златниот медал во слалом на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Французинот иако беше шести по првата трка, со одлична втора трка успеа да ја престигне конкуренцијата и да дојде до златниот медал. Ноел трката ја заврши со вкупно време 1:44.09 минута, што беше со огромна предност од 61 стотинка во однос на сребрениот Јоханес Штролц кој стигна до вториот медал на игрите по златото во комбинацијата. Бронзениот медал му припадна на Норвежанецот, Себастијан Фос-Солеваг кој доцнеше 70 стотинки зад победникот.
До крајот на ЗОИ остануваат уште две дисциплини во алпско скијање. Кај дамите треба да се вози комбинацијата, а на програмата е и тимското натпреварување кое е ќе се одржи во сабота.