Возачот на Алфа Таури во Ф1, Пјер Гасли, кој го освои четвртото место на последното Гран При на Мексико, вели дека тоа за него претставува мала победа.
„Беше совршен викенд. Мислам дека не можевме подобро. Направивме одлична работа во квалификациите. Потоа на трката бевме четврти зад Ред Бул и Луис, тоа е како мала победа за нас. Исклучително сум задоволен“ – вели Гасли.
„Мислам дека нашето темпо беше добро од првиот до последниот круг. Држев се под контрола и пилотите на Ферари никогаш не успеаја да ме нападнат“ – изјави Гасли.