Возачот на „Алфа Таури“ во Формула 1, Пјер Гасли, зборуваше за случувањата на трката за Големата награда во Мајами и ги сподели очекувања од претстојната во Барселона.
„Со нетрпение го очекувам почетокот на европскиот дел иако резултатот во Мајами не беше според очекувањата. Таму имаше неколку позитивни моменти бидејќи можев да се борам за седмо или осмо место со Алпин, што е охрабрувачки“ – вели Гасли.
„Сега одиме во Барселона. Знаеме дека е тешко да се претекнува на таа патека дури и со новите болиди. Сега е тешко да се предвиди што ќе се случува“ – потенцираше Гасли.