Поранешниот шампион во Формула1, Нико Розберг, вели дека Макс Верстапен со болидот на Ред Бул мора да се ослободи од притисокот и да остане максимално конкурентен со Луис Хамилтон во трката за титулата.
„Минатата година Верстапен имаше болид со кој можеше повремено да дојде до победа, годинава тој е фаворит и тоа многу менува. Сега има поголем притисок, но, грешките не можат да му бидат изговор“ – потенцираше Розберг.
По три сезонски трки, Хамилтон е лидер со 69 бодови, Верстапен е втор со 61 додека Ландо Норис го има третото место со 37 бодови.