Италијанката Софија Гоџа е победничка на трката во Супер-Џи што се одржа во Андора во рамките на Светскиот куп.
Гоџа до триумфот дојде со стартен број 11. Таа ја помина патеката за 1:25,95 минути. Во тој момент имаше предност од 31 стотинка во однос на Норвежанката Кајса Ли.
Сепак, меѓу нив две, на подиумот влезе Германката Ема Ајхнер, која заостануваше 24 стотинки зад победничката.
Во рангирањето за Супер-Џи, Гоџа води со 420 поени, пред Новозеланѓанката Робинсон, која има 336 поени. Американката Микаела Шифрин е лидер во генералниот пласман со 1.133 поени.

