Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Далас со 109:100 и дојдоа на чекор до пласман во големото НБА финале оваа сезона. Тие синоќа поведоа со 3:0 во финалето на Западната конференција
„Вориорс“ на чекор до големото финале по пауза од три години гу предводеше Стеф Кари кој заврши со 31 поен и 11 асистенции, а одлична партија имаше и Ендрју Вигинс кој додаде 27 поени, додека Клеј Томпсон постигна 19 поени. Во редовите на Далас најдобар беше Лука Дончиќ, но неговите 40 поени повторно не беа доволни за победа. Спенсер Динвиди постигна 26, а Џејлен Бренсон 20 поени.