Ромен Грожан кој ја заврши кариера во Формула 1 по страшната несреќа што за малку не му го одзеде животот кон крајот на минатата година, верува дека седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, нема да има шанса да се избори за бодови ако го вози болидот на Хаас.
„Хамилтон никогаш не би имал можност да се избори ниту за бод во болидот на Хас. Тоа е вистина и нема потреба да се лажеме. Секој што бил возач на Формула 1 го знае тоа“ – вели Швајцарецот.
„Не е значајно каков талент имате бидејќи кога ќе излезете на патеката тоа е ограничено со можностите на болидот. Затоа не постои начин да се споредат двајца возачи од различни тимови“ – прокоментира Ромен Грожан.

