Ахмед Хафнуи го приреди првото големо изненадување на ЛОИ во Токио откако го освои златниот медал на патеката 400 метри слободно.
Тој иако во текот на целата трка доцнеше зад најдобрите, успеа со пеколен финиш да се пробие до првото место.
18-годишен претставник на Тунис ја доби битката со главните фаворити Џек Меклафлин од Австралија и Киран Смит од Соединетие Американски Држави кои завршија на второто и третото место.