Возбудлива трка во Ф1 шампионатот на патеката во Бахреин. Актуелниот шампион Луис Хамилтон стигна до голема победа на ГН на Бахреин. Британецот ги искористи проблемите кои ги имаа двата пилоти на Ферари и стигна до првата победа во новата сезона.
Младиот Чарлс Леклерк долго време беше на водечаката од која што тргна на денешната трка, но на девет круга пред крајот мораше да му ја препушти лидераската позиција на Хамилтон. Во финишот од самата трка ја загуби и втората позиција од Валтери Ботас, а зад себе го остави Макс Верстапен, па на крај сепак обезбеди место на подиумот. Трагичар на патеката во Бахреин беше Себастијан Фетел кој остана без предното крило на болидот, па поради тоа загуби неколку позиции во 38. круг. Тоа му овозможи пласман само на петто место. По денешната
Во генералниот пласман по две трки оваа сезона на врвот се Ботас и Хамилтон со по 54 бода, а потоа следува Верстапен со 27 бода. Следната трка е закажана за две недели , односно викендот 12-14 април, а ќе се вози на патеката во Кина.

