Светскиот шампион Луис Хамилтон освои уште една пол-позиција во годинешниот шампионат во Формула 1. Пред утрешниот старт на 15-тата трка, Хамилтон денеска оствари најдобро време на квалификациите на „Марина Беј“.
Зад него ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот главен конкурент Себастијан Фетел се избори само за третото место.
Британецот има убава предност од 30 бода пред пилотот на Ферари на седум трки до крајот на тековната сезона.