Светскиот шампион Луис Хамилтон оствари најдобро време во двете тренинг сесии пред трката за Големата награда на Кина во Шангај. Британецот беше побрз од Финецот Кими Раиконен на Ферари кој заврши со второ најдобро време. Трет беше уште еден Финец, Валтер Ботас, а четврти Себастијан Фетел.
Макс Верстапен забележа подобрување на времето и на крајот се задоволи со петто најдобро време во Шангај денеска.