Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од првата позиција на утрешната трката за Големата Награда за Унгарија.
Британецот на патеката – „Хунгароринг“ обезбеди најдобро време од 1:15.419 минути пред клупскиот колега, Валтери Ботас. На третата позиција се најде Макс Верстапен од екипата на Ред Бул пред неговиот клупски колега, Серхио Перез. Натаму се наредија: Пјер Гасли, Нандо Лорис, Чарлс Леклерк, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.
По досегашните 10-ет трки, Верстапен има 185 бодови, Хамилтон 177 а Британецот Ландо Норис со болидот на Мекларен собра 113.Кај конструкторите води Ред Бул со 289 поени пред Мерцедес со 285 и Мекларен со 163.