Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, успеа да се искачи на највисокото место на подиумот по денешната хаотична трка на патеката во Баку која се бодува за светскиот шампионат во Формула 1.
Британецот победи на трката за Големата награда на Азербејџан откако ги искористи грешките и откажувањата на неговите опоненти. За Хамилтон тоа е прв сезонски триумф или вкупно 63-ти во кариерата. Второто место го освои Кими Раиконен од екипата на Ферари додека на третата позиција заврши возачот на Форс Индија , Серхио Перез.
Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 13 мај на патеката „Каталуња„ во Шпанија.