Трката за шампионската титула во Формула 1 сепак ќе се реашава на последната трка во Дубаи, откако на трката за ГН на Џеда му припадна на Луис Хамилтон.
Вистинска драма се случуваше на патеката, многу прекини, жолти и црвени знамиња се појавија на првата трка одржана на патеката во Саудиска Арабија, а на крајот се радуваше Луис Хамилтон.
Хамилтон тргна од пол позицијата, Верстапен не успеа да се пробие на стартот и го чекаше првиот прекин по судирот на Мик Шумахер. Возачот на Ред Бул го искористи прекинот и изби на првото место, а потоа по рестартот имаше мал дуел на двајцата главни ривали. Верстапен нелегално стекна место, па мораше да го врати пред новиот прекин на трката. Драмата продолжи и понатаму, со нов прекин и нова промена на водечкото место, за на крајот да имаме директен дуел меѓу Верстапен и Хамилтон, а Верстапен заработи казна што ја искористи Хамилтон за да се врати на врвот и да остена до самиот крај.
ONE RACE TO GO. ZERO POINTS IN IT.
Who wins?!#SaudiArabianGP 🇸🇦 #F1 pic.twitter.com/6RfnXMutH7
— Formula 1 (@F1) December 5, 2021
Хамилтон успеа да дојде до победата, а притоа заработи и плус бод за најбрз круг, па сега во генералниот пласман се израмни со Макс Верстапен, двајцата имаат ист број на бодови, односно 369,5 поени.

