Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е се поблиску до одбраната на титулата, откако возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон победи на денешната трка за ГН на Русија и со тоа ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел, која сега изнесува дури 50 бода.
Мерцедес доминираше на денешната трка во Сочи, Хамилтон успеа да дојде до првата позиција која не дозволи да му биде одземена до самиот крај и откако повторно се искачи на највисокото место од подиумот пред тимскиот колега Валтери Ботас ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел кој мораше да се задоволи само со третата позиција. Болидите на Мерцедес беа доминантни на оваа трка и не дозволуваа да бидат поминати од оние на Ферари.
Фетел на крајот мораше да се задоволи само со третото место, пред Кими Раиконен од Ферари, зад кого следеа двајцата возачи на Ред бул, Ферстапен и Рикиардо, а бодови успеа да освојат уште Леклерк, Магнусен, Окон и Перез.