Боксерката од Ирска, Кели Харингтон, објави дека ќе се повлече од спортот откако успеа да го освои златото во Париз.
Таа доцна синоќа ја победи во финалето Јан Венлу од Кина со што ја одбрани олимписката титула од Токио во 2020 година.
„Тоа беше последниот успех. Секогаш велев дека ќе се повлечам како шампион и сега е време” – изјави Харингтон која го обезбеди четвртио златен медал за нејзината земја на Игрите во Париз.

