Хјустон славеше на синоќешното гостување кај Голден Стејт со 95-92 и успеа да израмни на 2-2 во серијата од финалето на Западот во НБА лигата. Најзаслужни за брејкот кој го направија во „Оракл Арената“ беа Харден со 30 и Пол со 27 поени.
Мечот изобилуваше со пресврти се до последниот период од мечот, кога екипата на Хјустон успеа да ја задржи свежината и прецизната рака за да дојде до посакуваниот триумф пред враќањето во Тексас за петтиот меч кој е на програмата во четврток.
Кај Хјустон одлично издание имаше и Гордон со 14 поени, додека кај домашните Кари постигна 28 поени и 6 скока, додека Дурент имаше 27 поени, но лош ефект на реализација на шутеви од поле.