Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Хјустон и Голден Стејт на победа до конференциското финале
    NBA

    Хјустон и Голден Стејт на победа до конференциското финале

    sasoBy saso07/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Голден Стејт и Хјустон дојдоа на само една победа до пласман во конференциските финалиња во НБА плеј-офот. Голден Стејт со победа на гости кај Њу Орлеанс од 118:92 дојде до предност од 3-1 во меѓусебни пресметки со Пеликанс и веќе на следниот меч во Оукланд може да ја заврши неизвесноста околу местото во финалето на Западот.

    За разлика од претходниот дуел кој беше целосно под доминација на Пеликанс, сега момците од Калифорнија беа оние кои не оставија простор за противникот. Ентони Дејвис го заврши мечот со 26 поени, додека кај Голден Стејт доминираше двоецот Дјурант-Кари. Дјурант реализираше 38, додека Кари заврши со 23 поени.

    Хјустон пак се прошета на гостувањето во Солт Лејк Сити и оствари трета победа над „џезерите“, овој пат со 100:87. Одличниот двоец Пол-Харден беше предводник на Рокетс до третата победа во серијата. Крис Пол средбата ја заврши со 27 поени, додека Харден додаде 24.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Охриѓанецот Осман со рекордни 29 поени за победа на Кливленд, Јанис броеше до 50

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    • Ако не влезе во ЛШ, Челзи ќе го прекрши финансискиот фер-плеј
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.