Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Хјустон на чекор до големото финале
    NBA

    Хјустон на чекор до големото финале

    sasoBy saso25/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарите на Хјустон поведоа со 3-2 во финалната серија на Западот, откако синоќа во петтиот меч го совладаа актуелниот шампион Голден Стејт со 98:94. Со тоа момците на Мајк Д’Антони се на чекор до пласман во големото финале.

    Целиот меч мина во неизвесност, па на полувреме се замина со егал ситуација – 45:45. Во вториот дел за нијанса домашните беа подобри, иако двата тима постојано се менуваа во водство. Во финалната четвртина Хјустон го имаше „меч винерот“ наречен Ерик Гордон, кој покрај Харден и Пол го донесе својот тим до позиција за победа. Голден Стејт имаше шанса за победа, ако успееше да реализира на 7 секунди до крајот за израмнување, но ја загубија, па Гордон ги постигна решавачките два поени за победа.

    Мал хендикеп за Хјустон е повредата на Крис Пол, кој имаше лош доскок и повреда на задната ложа, но последните вести велат дека тој ќе може брзо да се врати на паркетот. Инаку, најефикасни кај Рокетс синоќа беа Гордон со 24 поени и Пол кој уфрли 20, додека кај екипата на Голден Стејт прв поентер беше Дурант со 29 поени.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Охриѓанецот Осман со рекордни 29 поени за победа на Кливленд, Јанис броеше до 50

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.