Макс Верстапен ја оствари првата победа во сезоната во Формула 1, триумфирајќи на хаотичната трка одржана на патеката во Малезија. Истата во близина на Куала Лумпур започна со задоцнување од повеќе од час и половина поради тропската бура непосредно пред стартот.
За време на првиот обид за старт, неколку болиди застанаа на патеката, што доведе до дополнително одложување. На крајот возачот на Ред Бул победи пред Андреа Кими Антонели и Луис Хамилтон. Бодови освоија и Шарл Леклер, Исак Хаџар Оскар Пјастри, Лијам Лосон, Фернандо Алонсо, Ландо Норис и Арвид Линдблад.
В пресрет на последните седум трки од сезоната, Антонели е лидер во генералниот пласман пред Расел и Хамилтон.

