Макс Верстапен ќе биде казнет за наредната трка во Русија поради промена на моторот. За време на целиот викенд во Сингапур, Холанѓанецот се жалеше на непријатни проблеми со моторот на Рено и неправилната опрема.
Верстапен изјави дека се бил гневен додека течеле квалификациите бидејќи моторот му создавал проблеми. На самата трка кога влезе безбедносното возило, неговиот мотор речиси запре, но, тој успеа да го стартува со прва брзина и да се врати на патеката. Шефот на тимот, Кристијан Хорнер, потврди дека Верстапен ќе мора да настапи со нов мотор што авматски значи и казна од ФИА.
„Тој презеде ризик со сегашниов мотор кој не ги исполни барањата, сепак, поради поголемиот моќност успеавме да дојдеме до првиот ред за време на квалификациите и до второто место во трката“ вели Хорнер. Верстапен в пресрет на трката на 30 септември во Сочи се наоѓа на петото место во генреалниот плaсман во Формула 1.