Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека ќе има тешка задача да пронајде вистинска замена за Макс Верстапен доколку шампионот се определи да ја напушти Формула 1.
„Во 2021 година имаше голем притисок но, направи одлични трки. Тој може да одвои се што се случува околу него и да се фокусира на трката“ – вели Хорнер.
Холанѓанецот кој има 2 титули во така наречениот „циркус на тркала“, неодамна најави дека по 2028 година може да се повлече од патеките.