Кошаркарот на Голден Стејт, Андре Игуодала, изјави дека планира да излезе на паркетот за третиот меч од финалната серија во НБА лигата против екипата на Кливленд. Иако се уште не е 100% фит со повредата, Игуодала вели дека ќе направи се за да му помогне на својот тим да дојде на чекор до титулата.
„Имам намера да играм на третиот натпревар. Истите планови ги имав и за првата и за втората битка. Ајде да видиме што ќе се случи“, порача кошаркарот на „Воините“.
Инаку, 34-годишниот кошаркар доби повреда на коленото во последната четвртина од третиот натпревар од финалната серија на Западната конференција во еден дуел со Џејмс Харден. Тој ги пропушти сите дуели до сосега, но се надева дека ќе заигра на престојниот меч.