Светските шампиони од Ирска, Финтон Мекарти и Пол О’Донован, очекувано ја освоија олимписката титула во дисциплина веслање во парови на Игрите во Токио.
Џонатан Ромелман и Мејсон Озборн од Германија останаа со сребрените медали додека бронзените ги освоија, Стефано Опо и Пјетро Рута од Италија.
Ирците, светски шампиони од 2019 година, го донесоа првото злато за нивната земја на Игрите во Токио и воопшто првото за Ирска во историјата на веслањето.