Андреа Кими Антонели ја освои четвртата пол позиција во сезоната во Формула 1 откако победи во квалификациите за утрешната трка за Голема награда на Монако.
Макс Верстапен од Ред Бул ја обезбеди втората стартна позиција додеке возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер ќе започнат од вториот ред. Зад нив во првата десетка ќе бидат: Хаџар, Расел, Пјастри, Норис, Гасли и Лавсон.
По пет сезонски трки лидер е Италијанецот, Антонели со 131 бод пред Британецот, Расел кој има 88 и Леклер од Франција со 75 бодови. Кај конструкторите води Мерцедес со 219 поени пред Ферари со 147.

