Младиот Мозес Итаума сака реванш со Филип Хрговиќ, откако Хрватот му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера.
Итаума беше запрен во деветтата рунда, иако одлично го започна мечот и во втората рунда го прати Хрговиќ во нокдаун.
Потоа британскиот боксер остана без енергија, а Хрговиќ го искористи своето искуство и стигна до прекин.
Итаума сега размислува за реванш, но промоторот Френк Ворен смета дека треба внимателно да се процени неговото враќање.

