Новиот Формула 1 тим, Кадилак го пронајде својот прв голем спонзор.
Новиот тим во Формула 1, кој ќе започне со трки во 2026 година, потпиша повеќегодишен договор со „Томи Хилфигер“.
Американскиот бренд за облека ќе работи на колекциите униформи на Кадилак, а неговото лого ќе се појави на тркачките автомобили и оделата на пилотите.
„Томи Хилфигер“ почна да работи со тимови од Ф1 – особено Лотус и Ферари – во 90-тите горини. Последен партнер на компанијата беше Мерцедес од 2018 до крајот на 2024 година.

