Словенецот Бенџамин Савшек ја освои титулата во кану едносед на брзи води на Олимписките игри во Токио. Савшек (34 години) патеката ја помина за 98,25 секунди.
Словенецот е светски шампион од 2017 година, а во својата кариера има уште три сребрени и три бронзени медали од светски шампионати, како и 10 медали, од кои 6 златни од европски шампионати.
Втор заврши Лукаш Рохан од Чешка за 3,71 секунди заостанување за Савшек. Рохан, кој е дебитант на Олимписките игри, го донесе првиот медал за Чешка од Токио 2020. Тој беше четврти во полуфиналето, но потоа успеа да се избори за среброто. Германецот Сидерис Тасијадис го освои бронзениот медал откако заостана 5,45 секунди зад победникот.
Пласман:
1. Бенџамин Савшек (Словенија) – 98,25.
2. Лукас Рохан (Чешка) – 101,96.
3. Сидерис Тасиадис (Германија) – 103,70.