Екипата на Канзас Сити Чифс чекаше цели 50 години за да дојде до шампионската титула во НФЛ лигата. За првпат во овој век, втор пат во својата историја екипата на Канзас Сити Чифс славеше на еден од најпопуларните настани во светскиот спорт – Супербоул финалето.
Во големото финале кое се одигра во Мајами, Канзас Сити беше подобар од тимот на Сан Франциско со 31:20. Патрик Махомс повеќе од заслужено го доби МВП признанието во ова финале, со што стана најмладиот играч кој успеал да ги обедини МВП признанијата (минатата година беше избран за најкорисен играч на сезоната).
Секако дека едно вакво финале не може да помине и без забавно шоу за кое оваа година се погрижија популарните Шакира и Џенифер Лопез.